X
 06.08.2021 Образование

Студентите кои аплицираат за сместување во студентски домови не треба да плаќаат административна такса

Студентите кои аплицираат за сместување во студентски домови не треба да плаќаат административна такса, соопшти Министерството за образование и наука.

-Министерството за образование и наука ги известува сите студенти кои аплицираат на конкурсот за сместување во студентски домови за студиската 2021/2022 година, при поднесување на апликацијата (електронски или хартиено) НЕ треба да уплатуваат административна такса. Направена е измена на „Правилникот за образецот на барањето за сместување во студентски дом и образецот на барањето за добивање стипендија“, спогласно која апликантите се ослободени од оваа обврска - се наведува во соопштението.

Од МОН додаваат дека сите останати одредби од конкурсот за сместување во студентски домови кои се однесуваат на потребната документација, условите, критериумите и роковите за аплицирање, остануваат непроменети.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование