X
 21.12.2017 Живот

Денес се случува феномен што не се случил веќе 350 години

Зимската краткодневица и буквално и фигуративно ќе биде најтемниот ден во годината, а тоа е благодарение на реткиот космички инцидент што не се случил веќе 350 години.

фото извор: Getty Images

Според астролозите, денешниот ден, 21 декември, се смета дека ќе биде најлошиот ден во 2017 година. Нил Спенсер, астролог и автор, открил дека годинешната краткодневица се разликува од другите во минатото бидејќи првпат од 1664 година Сонцето ќе се пресели во Јарец, само неколку часови откако Сатурн ќе го направи истото прецизно поместување – тоа ќе предизвика Сонцето и Сатурн да се натпреваруваат, феномен за кој се очекува дека ќе доведе до многу непријатни последици.

Спенсер советува да се биде внимателен во текот на денот бидејќи можно е да се чувствувате потешко од вообичаено, а започнувањето на нешто ново може да има долгорочни последици. Зимската краткодневица го означува најтемниот и најкраткиот ден во годината на северната хемисфера, со оглед на тоа дека Сонцето е на својата најјужна положба. Веб-страницата „Лунар Ливинг“ објавила дека денес можно е да се чувствуваме ограничено, но да не дозволиме тоа чувство да влијае врз нашите обврски. Иако енергијата ќе биде на ниско ниво, тоа не треба да се користи како изговор да не дадеме сè од себе.

На блогот „Фенг Шуи Јајашри Босе“ се објавени астролошки предвидувања, односно се вели дека на 21 декември ситуацијата ќе биде проблематична, па треба да се избегнуваат важни активности по секоја цена. Да се избегнуваат состаноци, патувања, а можеби е и најдобро да се остане дома, се разбира, ако сте во можност, стои во соопштението на блогот.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот