Жителите на Икалуит, Канада во текот на изминатата недела објавуваа фотографии од своето место на живеење без притоа да користат филтри или други алатки за уредување на фотографии.
Тоа е така бидејќи тие немале потреба од такви алатки. Нивниот град одеднаш станал розев. Небото, земјата и сè помеѓу станало розево во градот прекриен со снег. Откаде овој феномен?
Метеорологот од Си-Би-Си, Ешли Бровајлер, вели дека овој феномен е последица на распрскување на светлината. Ова се случува која сончевата светлина се рефлектира преку честички во атмосферата, што ја прекршува светлината во различни насоки.
„Кога сонцето е на низок агол на небото, светлината има подолга дистанца за патување. Сината боја, што води со честото сино небо, се отстранува од замрзнатите кристали и солта во воздухот, што остава простор за црвената боја. Облаците се поголеми од светлосните бранови, што овозможува примање на бојата, во овој случај, розевата боја“, вели Бровајлер.