X
 05.04.2019 Живот

Пролетен метеорски дожд и уште неколку неверојатни небесни феномени нѐ очекуваат овој месец

Овој месец небото ни приредува неколку интересни небесни шоуа.

Палас во опозиција - 9 април

1
Фото: National Geographic


Еден од најголемите познати астероиди, „2 Палас“, ќе биде најсветол на 9 април, така што ќе биде лесен за забележување особено затоа што ќе помине покрај една од најсјајните ѕвезди на северното пролетно небо. Наоѓајќи се на 236 милиони километри од Земјата, оваа џиновска небесна карпа официјално ќе биде во опозиција, кога на небото е спротивно од Сонцето, видено од Земјата. Приближно 524 километри широк, „Палас“ ќе може да се види дури и од градовите загадени со светлина во наредните неколку недели.

Битката на црвените орбити - 11 април

2
Фото: National Geographic


На 11 април Марс ќе се најде во близина на црвената ѕвезда Алдебаран, позната како окото на Бикот.

Надгледувачите на небото ќе можат да видат црвена светлина на небото на 11 април, како што двата најсветли и најцрвени небесни објекти ќе се „стуткаат“ еден до друг. Погледнете на запад откако ќе падне мрак за да го видите румениот Марс како се приближува до многу посветлата црвена ѕвезда Алдебаран, позната како окото на Бикот.

Метеорски дожд Лириди - 22 април

5

Во часовите пред зората на 22 април, метеорскиот дожд Лириди ќе го достигне својот врв. Под идеално, темно небо, можеме да очекуваме да видиме помеѓу 15 до 20 ѕвезди што паѓаат на час за време на овој годишен метеорски дожд. Но, оваа година љубителите на астрономијата ќе се соочат со посветла месечина, што значи дека нејзиниот отсјај би можел да ја попречи глетката на метеорскиот дожд. Најдобриот поглед би го доживеале во темните доцни ноќи на 21 и 22 април.

Лиридите имаат изненадувачки изливи, каков што се случи во 1982 година кога се појавиле 250 метеори во еден час. И во 1922 година над Европа се појавиле 500 ѕвезди што паѓаат на час. Овие спектакли не можат да се предвидат, па единствениот начин да знаете што ќе се случува е да го набљудувате небото.

Месечината му се приклучува на Јупитер - 23 април

2
Фото: National Geographic

Јупитер ќе има блиска средба со Месечината на 23 април, со што ќе добиете можност да направите интересна фотографија. Парот ќе биде заедно на југозападното небо околу 45 минути пред да се појави сонцето.

Месечината во близина на Сатурн - 25 април

meteor
Фото: National Geographic

Неколку утра откако Јупитер ќе биде близу Месечината, неверојатниот Сатурн ќе има можност да се „дружи“ со Месечината на небото. Ако имате телескоп, ова ќе биде прекрасна можност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот