X
 12.11.2015 Наука

Марс ја уништува сопствената месечина

На Марс, одновно во неговата близина, се случува еден незамислив феномен. Имено, планетата се издвојува од својата месечина, односно ја уништува со својата гравитација, велат научници од НАСА.


Месечините Робос и Дејмос се необични на повеќе начини. Освен тоа што се едни од најтемните објекти во Сончевиот систем, за нив се смета дека се неодамна заробени астероиди, наместо сателити кои се формирале заедно со планетата околу која кружат.

Робос кружи побргу од вртењето на Марс и не се искачува на исток и заоѓа на запад во однос на планетата, како што тоа го прави Дејмос. Ова е последица на кружењето на само 6.000 километри височина над површината на Марс и 9.400 километри од центарот на Марс.


„IFL Science“ пишува дека Марс има мала гравитација, но сепак оваа близина влијае врз сателитот. Имено, Робос се приближува кон Марс со брзина од 1,8 метри на 100 години. Робос сè повеќе се приближува до границата откадешто гравитациските сили ги уништуваат сите цврсти објекти. За одреден период, нема сомневање дека Робос ќе биде уништен и ќе стане прстен.

Доказ дека ова навистина се случува бил претставен на 47-от годишен состанок на Американското астрономско општество.

Научниците таму изјавија дека Робос веќе започнал да се распаѓа, а се проценува дека распадот ќе биде готов за помалку од 30-50 милиони години.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука