X
 21.12.2017 Образование

Работа за 77.000 просветни работници во Шведска


Илустрација: Наставничка и ученици
(Фото: Pixabay)



Националната агенција за образование на Шведска (Skolverket) соопшти дека планираат во училиштата и во установите за претшколско образование во следните пет години да вработат околу 77.000 просветни работници.

Потребата за нови учители и наставници пораснала првенствено поради порастот на бројот на жители во оваа скандинавска земја.

„Сколверт“ соопшти дека во таа земја постои и потреба до 2031 година наместо привремено вработени лица, без службени квалификации, да се ангажираат просветни работници со потребни квалификации.

Петер Фредриксон, директор на „Сколверт“, изјави дека е важно училиштата во Шведска да станат привлечно место за вработување.

„Мораме работата на просветните работници да ја направиме да биде што попривлечна. Секој што има какво било влијание во училиштата, не само надредените, треба да придонесе во тој правец – училиштата да станат привлечно место за вработување“, истакнал тој.

Училиштата во Шведска долги години наназад се под строг надзор поради послабите резултати во меѓународните извештаи на „Пиза“, меѓународната програма за процена на знаењата и вештините на учениците.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование