Добредојдовте во Сити Монтесори училиштето во Лакнау, Индија. И покрај тоа што е огромно, ниту едно дете не е оставено - речиси половина од учениците достигнуваат 90% или повеќе на националните тестови.
7 часот и 15 минути - во северниот индиски град Лакнау, река од деца влегуваат низ вратите на Сити Монтесори училиштето и во кампусот Канпур Роуд. Десетина луѓе им помагаат на учениците со нивните чанти и ги водат учениците со цел да не се предизвика гужва. Повремено „чоукидарот“ (чуварот на вратите) вика: „Chalo, chalo!“. И по еден час учениците се`уште пристигнуваат.
Не е лесно да натерате 7.500 ученици на возраст од 5 до 17 години да влезат во една училишна зграда, но тоа е само еден дел од сложувалката за Сити Монтесори, која Гинисовата книга на рекорди го прогласи за најголемото училиште во светот. Во училиштето учат околу 52.000 ученици во забавиште, основно и средно училиште распоредени на преку 20 кампуси во градот.
„Сакав да учам тука бидејќи образованието е подобро“, вели 11 годишниот Махсум Синг, кој започнал на кампусот Канпур Роуд оваа година. „Ни помага тоа што има многу ученици. Од секаде можеме да добиеме помош“.
Околу 1.050 училници се полни со ученици, со повеќе од 45 ученици во едно одделение. Но, родителите не сакаат не за одговор. Тие повлекуваат врски од бизнис и политичките полиња за нивните деца да добијат место во училиштето.
„Понекогаш ги повикуваме во училиштето, ги носиме до училницата и ги прашуваме: Дали гледате место за вашето дете?“, вели Кингдон, која е ќерка на еден од ко-основачите на училиштето.
Училиштето било основано во 1959 година од Јагдиш Ганди и неговата сопруга Бхарти, кој има докторат за детска психологија. Популарно е поради одличните резултати. 40% од учениците добиваат 90% од поените или повисоко, со што е едно од најдобрите училишта. Во просек, едно одделение има 80% успех.
Она што започнало како мало училиште со првично само пет ученици, сите од исто семејство, денес ги надрасна своите скромни почетоци.
И покрај својата големина, Сити Монтесори не е училишта за масите. Иако е околу 25% поевтино од другите елитни училишта во Лакнау, партиципацијата е е меѓу 300 и 700 фунти годишно, во споредба со просечниот приход по глава на жител од околу 1.080 фунти.
Ова му дава предност на училиштето за сите класични предности на едно елитно приватно училиште.
Наставниците се платени малку повисоко од оние во државните училишта, и заработуваат бонус од 1% од нивната месечна плата доколку одделението ја надмине бројката од 45 ученици - како компензација за зголемениот обем на работа.
Директорите заработуваат повеќе од нивните колеги учители. За да се справат со поголемиот административен товар, големиот кампус Канпур Роуд има под-директори за забавиште, основно одделене и постарите одделенија.
За да се справат со поголемите одделенија, наставниците имаат асистенти кои се нарекуваат „проверувачи на тетратки“ кои имаат додипломски степен за образование меѓутоа немаат повисоки квалификации. Тие помагаат со оценувањето, но исто така асистираат во следењето на студентите и одговарањето на прашања за време на часот.
Училиштето доделува 10 милиони рупии во пари како награда за наставниците чиишто студенти земјата ќе ја претстават добро. За разлика од вообичаените конференции, секој наставник ги посетува домовите на пет студенти секој месец во улога на „наставник чувар“. Овие посети му овозможуваат на наставникот да види како ученикот учи и да предложи каде учениците треба да учат, каде треба да биде масата итн. Над се`, покажува дека тој се грижи`.
Но, оваа година угледот на Ганди се најде на тапета откако Сити Монтесори беше одведен на суд поради тоа што избегнал да прифати 31 дете од „економски послабите делови“ да го запише бесплатно (што е законски). Кингдон вели дека училиштето се противело бидејќи владата ја прекршила својата регулатива која дошла кај нив откако терминот започнал, кога сите одделенија биле преполни. На крајот, судот го натера училиштето да прими 13 од 31 студент кои живееле во законски определениот радиус од 1 километар од кампусот.
„Ние сме училиште што ги почитува законите. Но законот мора да биде применет правилно. Дали сите приватни училишта во земјата треба навистина да чува 25% од местата празни скоро шест месеци?“
И покрај овие предизвици, Гнади и понатаму останува на амбицијата да го „промени светот“ преку неговото училиште. Тој инсистира дека неговата мисија продолжува над академскиот успех.
„Учењето на трите „R“ е важно. Но во исто време не смееме да заборавиме дека човекот е човечко суштество, и дека постои душа во него“.