X
 25.11.2016 Образование

Најважната лекција од еден професор за неговите ученици

Џефри Рајт е професор по физика во средно училиште во Луизвил, Кентаки. Тој е популарен меѓу неговите ученици бидејќи неговите часови се едни од најинтересните во цело училиште.

 

nastavnik


Тој успева да го задржи вниманието на неговите ученици со неговите несекојдневни научни експерименти кои вклучуваат експлодирање на тиква, огнени топки кои горат на неговата дланка и правење на домашни ховеркрафти.

Но, покрај сите овие огнени топки и возбудливи лекции по физика, г-дин Рајт се однесува со неговите ученици различно од останатите професори. Тој не верува во тој традиционален стил на учење. Тој верува во животните лекции наместо лекциите кои се нудат во учебниците. Затоа, секоја година, тој на своите ученици им одржува лекција за неговиот син како и за значењето на љубовта и животот.

„Кога ќе започнете да зборувате за физика, започнувате да се прашувате: „Која е целта на сето ова?“. Децата доаѓаат и ме прашуваат овие прашања. Сакав да гледаат на нивниот живот на различен начин - не само преку законите на физиката - и да себеси да си дадат поголема цел во животот“.

„Постои нешто поголемо од енергијата. Постои нешто поголемо од ентропијата. Што е најголемото нешто? Љубовта. Таа го одговара прашањето зошто постоиме. Во овој голем универзум, ги имаме сите тие ѕвезди. Кому му е грижа? Па, некому. Некој се грижи за тебе“, вели професорот.

Во продолжение погледнете го документарецот за овој наставник направен од еден од неговите ученици. Во него е прикажано зошто учениците го сакаат овој професор.

 



Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование