X
 25.12.2017 Живот

Ги знаете ли новите седум светски чуда?

Пирамидата во Гиза, Колосот на Родос, Светилникот на Александрија, Мавзолејот, Храмот на Артемис и Статуата на Зевс. Сигурно сте чуле за овие светски чуда, но листата е збогатена за уште 7 нови:


1. Колосеумот

Постои мислење дека Колосеумот би требало да се најде во првата, оригинална листа, но сепак е понова градба, завршена во 80. година, а се смета и за најголемиот амфитеатар во светот според Гинисовата книга на рекорди.

2. Мачу Пикчу

Датира од 15 век, а најверојатно е креирано за императорот Пачакути. Се наоѓа на надморска височина од 2.430 метри, во Јужно Перу. Европејците го откриле во 1911 година.

3. Петра

Датира од 312 година пр.н.е., а сепак не е на оригиналната листа на светски чуда. Денес е најпопуларната туристичка атракција во Јордан.

4. Таџ Махал

Императорот Шах Јахан го создал за да ја одбележи смртта на неговата жена. Објектот бил наречен „Солза на образот на времето“. Интересен факт е што никој не знае кој го дизајнирал.

5. Статуата на Исус Христос

Најмладиот споменик на листата. Статуа која стои на рид во Рио де Жанеиро и е висока 30 метри, а рацете на Исус се долги 28 метри. Статуата е вистински симбол на Рио де Жанеиро и Бразил воопшто.

6. Големиот Кинески ѕид

Има должина од 6.259 километри. Градбата почнала некаде околу 7 век пр.н.е. Може да се види и од вселената.


7. Чичен Ица

Пирамида на Маите конструирана стотици години пред Колумбо да пристигне во новиот свет. Има уникатна конструкција, па сенките од заоѓањето на сонцето формираат пердувеста змија која се спушта на централните скалила.

Се разбира дека има уште објекти што се потенцијални кандидати за листата. Сепак, фондацијата „Нови 7 чуда“ исто така ги рангира и 7. чуда на природата, како на пример најдолгата река во светот Амазон, островот Комодо и друго. Американското здружение на инженери, пак, има листа и за 7. чуда на модерниот свет, како на пример, тунелот кој ги поврзува Англија и Франција и мостот „Голден гејт“ во Сан Франциско.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот