X
 27.05.2016 Живот

Како генијалецот Ајнштајн ги решавал проблемите во животот?

Алберт Ајнштајн еднаш рекол: „Ако имаш еден час за решавање на одреден проблем, 55 минути ќе потрошам размислувајќи за проблемот, а 5 за тоа како да го решам“.

И навистина, бил во право. Наместо залудните обиди на решавање на проблемот, подобро е длабоко да вдишете и подобро да го разгледате проблемот. Всушност, ако добро го сфатите проблемот, тогаш многу полесно ќе ви биде да го пронајдете решението.

Дали сте забележале дека секогаш е полесно да го дадете вистинскиот совет на некој друг, а кога станува збор за себеси, секогаш е тешко? Затоа, замислете дека тоа не е ваш проблем, туку на некој друг и советувајте што треба да се направи. Исто така, ако е возможно, обидете се проблемот да го поделите на помали делови и да размислете за секој дел - на пример, како ситуацијата би можела да се развие ако го направам ова или она. Обидете се да размислите за последиците од секој чекор кој имате намера да го преземете со цел да видите дали тоа е добра одлука.

Важно е како ќе го претставите проблемот, односно кои зборови ќе ги употребите. Да кажеме, ако сакате да престанете да пушите бидејќи за вас тоа е проблем, наместо себеси да си повторувате: „Ќе престанам да пушам“, подобро би било да си повторувате: „Ќе си го продолжам животот. Ќе бидам поздрав и ќе имам повеќе енергија“. Ваквиот начин на размислување побрзо ќе ве доведе до целта.

Еден корисен крик е и формулирање на проблемот како прашање бидејќи човечкиот мозок едноставно обожава загатки и автоматски го бара одговорот, дури и тогаш кога не сме свесни. Исто така, добра мотивација е и наградувањето. На пример, проблем ви се неколкуте килограми вишок и сакате да ослабете. Тогаш треба да размислувате вака: „Цела недела ќе внимавам на калориите, но во недела себеси ќе си дозволам нешто вкусно“. Килограмите ќе се намалуваат без оглед на еден „грешен“ ден, а вие ќе се чувствувате мотивирано.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот