Во 2014 година Нил Деграс Тајсон истакна дека кога Бил Гејтс одејќи по улица би здогледал пари на земја, ако се помалку од 45.000 долари, тој всушност би губел пари ако застане да ги земе. Толку брзо се создава неговото богатство. Истото се однесува и на други корпорации чиј профит е огромен. Од „Тајтл Макс“ креирале графикон со 31 најпрофитабилна компанија и нивната заработка во секунда, во 2016 година.
фото извор: TitleMax
Од сите тие, „Епл“ е приказна за себе. Компанијата заработила 1.444.76 во секунда, а во најновите податоци за 2017 година, 1.533.17 долари. Тоа се 5,2 милиони на час, 127 милиони на ден и 45.7 милијарди долари годишно.
Компаниите „ЈП Морган Чејс“, „Беркшир Хетавеј“ и „Велс Фарго“ заработиле по 2.237.19 долари во секунда.
Друг доминантен сектор е и технологијата. „Алфабет“ води во таа насока, со 615,96 долари во секунда, но „Мајкрософт“, „ИБМ“, „Киско“, „Интел“, „Фејсбук“, „Оракл“ и „Џенерал Електрик“ се големи играчи. На дното на
листата од 2016 година е „Комкест“.
Деграс Тајсон забележува дека самиот не би застанал за едно пени, но за четвртинка - тоа е друга приказна – тоа е најдолната вредност за која би се исплатил неговиот труд, односно застанување.