X
 15.05.2019 Технологија

Еден од најбрзите во светот - новиот јапонски воз достигнува до 400 километри на час

Возовите се исклучително популарни транспортни средства во Јапонија, каде што градовите се поврзани со булет-возовите „Шинкансен“ кои се движат со брзина од околу 300 километри на час. Иако станува збор за голема брзина, таа може да биде уште поголема, а возовите уште побезбедни. Затоа, јапонската железничка компанија „Џеј-ар ист“ почна да го тестира својот најбрз булет-воз „Алфа Екс“, кој може да достигне дури 400 километри на час, но кога ќе влезе во комерцијална употреба, брзината ќе биде ограничена на „само“ 360 километри на час. Се очекува возот да биде пуштен во употреба дури во 2030 година.

voz
Фото: The Yomiuri Shimbun

Како и другите возови на „Шинкансен“, и новиот модел е карактеристичен по големиот „нос“, кој е долг дури 22 метри, а благодарение на таквиот аеродинамичен дизајн, се намалуваат притисокот и бучавата во текот на возењето и при поминувањето низ тунелите. Возот се состои од десет вагони, а во текот на наредните три години ќе се тестира само во ноќните часови, возејќи помеѓу Сендаија и Аоморија, градови оддалечени 280 километри.

Со брзина од 360 километри на час, новиот јапонски воз ќе биде побрз во од кинеските возови „Фуксинг“, кои исто така може да достигнат 400 километри на час, но нивната брзина е ограничена на 350 километри на час.

воз
Фото: AFP


„Алфа-Екс“ сепак не е најбрзиот воз на светот и оваа престижна титула му припаѓа на еден кинески воз чија брзина достигнува до 431 километар на час.

Што се однесува до поблиската иднина, Јапонија за наредната година и за почетокот на Олимписките игри планира да воведе нова генерација на „Шинкансен Н700С“, чија брзина ќе биде иста како и онаа на моменталните супербрзи возови - околу 300 километри на час.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија