Кинеските научници започнаа со изградба на најголемиот радио телескоп во светот. Градењето на телескопот наречен „FAST“ со дијаметар од 500 метри започна во јули оваа година, а се очекува да завршат со градење во 2016 година.
Со оглед на тоа што ќе биде најголемиот телескоп, ќе биде и најефикасен во фаќањето на сигнали од вселената, кои би можело да се поврзани со интелигентниот живот. Досега најголемиот телескоп „Arecibo“ во Порторико има антена со дијаметар од 300 метри.
Нан Редонг, главниот научник на проектот вели: „Радио телскопот е како чувствително уво кое се обидува да направи разлика помеѓу важните радио пораки и вревата во вселената. Тоа е како да се обидувате да ги слушнете штурците во невреме“. Антената на телескопот не е изградена над земјата туку е искористена природна долина во кинеската провинција Гуизхоу.
Антената ќе биде издигната над земјата, што ќе им овозможи на научниците нејзино насочување со што ќе можат да набљудуваат различни делови од универзумот.
Институтот SETI кој ја предводи човечката потрага по вонзејмански живот никогаш не забележал радио порака која може да се докаже дека потекнува од вонземска цивилизација и покрај големиот број телескопи на располагање. Дури и ако вонземјаните не воспостават контакт, помалите телескопи се користени за откривање на планети, комети и пулсари, па сигурно и овој телескоп ќе се користи за слични откритија.
Изградбата на телескопот претставува голем чекор за кинеската вселенска програма. Забрзаниот технолошки развој и` овозможи на Кина во 20 години да лансира човек во орбитата, а моментално планира и да испрати екипа на Месечината.
Можеби најважно е тоа што кинеските научници имаат сопствена опрема и податоци, наместо да се потпираат на информациите од странските телескопи и организации.
Ву Ксиангпинг, директор на кинеското астрономско друштво вели: „Поседувањето на чувствителен телескоп ни овозможува откривање на далечни пораки. Тоа ќе ни помогне во потрагата по интелигентен живот надвор од нашата галаксија, но исто така ќе помогне и во истражувањето за потеклото на универзумот“.