X
 17.01.2017 Живот

Новите генерации на млади лица се повеќе образовани, а помалку платени

Дали се мачите да се искачите на одредена скала? Ја трошите половината од вашата плата на кирија? Уште живеете како студент и покрај фактот дека сте дипломирале пред неколку години?

Уште полошо е што нашите предци на нашите години веќе имале куќа и живееле како возрасни луѓе. Но, не сте единствените кои се чувствуваат вака. Анализите кои ги направила адвокатската група „Young Invincibles“ покажуваат дека младите во кои се дел од новиот милениум во САД, заработуваат за 20 проценти помалку од лицата на иста возраст кои живееле во периодот по Втората светска војна. Ова се случува и покрај фактот дека сегашните генерации се повеќе образовани од минатите.

Истражувањето се базира на лица на возраст од 25 до 34 години и тоа во 2013 година и е споредено со 1989 година, а земена е предвид и инфлацијата. Откриено е дека просечната потрошувачка кошница за таа возраст е 10.090 долари, што е помалку за 56 проценти отколку во 1980-те години. Поседувањето на имот на таа возраст исто така е намалено од 46 на 43 проценти.

Она што не е променето е фактот дека белците заработуваат повеќе од Афроамериканците или Латино луѓето на истата возраст.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот