X
 16.01.2019 Живот

Ернесто Сабато: Па како не им е срам?

Илјадници луѓе го минуваат животот работејќи, кога можат, акумулирајќи огорченост и разочарувања, успевајќи да се издржат себеси уште еден ден во несигурна ситуација, додека речиси нема поединец кој стигнувајќи до власта, во рок од само неколку месеци, не заменил скромен стан за луксузна вила со луксузен влез за неверојатни автомобили.

Како не им е срам? Ако останеме со скрстени раце, ќе бидеме соучесници на еден систем што му дава легитимитет на тивкото умирање.

Како стигнавме до оваа дегенерација на вредностите во нашиот општествен живот? Како ќе го воспитаме потомството кога сѐ ја изгубило вредноста и повеќе не се знае дали некој се прославил со своето јунаштво или се прославил како криминалец?

Колку скандали веќе сме виделе и никој што има пари не се нашол во затвор?

Луѓето знаат дека ги лажат, но тоа толку зеде замав, што не може да се спречи. Тоа го прави човек да се чувствува немоќен.

Каде води сето тоа?

Ернесто Сабато, од книгата „Отпор
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот