X
 17.01.2019 Технологија

„Мајкрософт“ ќе го изгаси „Виндоус 7“ идната година

На сè му доаѓа крајот, па така и на поддршката за „Виндоус 7“. Колку за потсетување, ажурирањата прекинаа уште во јануари 2015 година, но „Мајкрософт“ понуди продолжена поддршка со која во принцип продолжува да „доставува“ надградувања и поправки на сите новонастанати ранливости на оперативниот систем, и тоа ни помалку ни повеќе, туку пет години по официјалното гаснење. Но, сето тоа ќе заврши во јануари 2020 година.

Ако сте деловен корисник, „Мајкрософт“ нуди и можност за понатамошна поддршка, но за тоа ќе мора да платите.

Така, од следната година би можело да има зголемен број на доселеници во системот „Виндоус 10“. Ако сте бунтовник и не сакате да потклекнете пред „Мајкрософт“, имате и други опции, на пример, „Линукс“.

Следен на листата за отпишување е „Виндоус 8“, но неговата ера ќе трае малку подолго, до 2023 година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија