Американската технолошка компанија „Мајкрософт“ планира да им додели на вработените таканаречен „пандемски бонус“ во вредност од 1.500 долари годинава. Бонусот ќе се доделува поради уникатната и предизвикувачка фискална година што штотуку ја заврши компанијата, стои во интерно соопштение видено од „Верџ“.
Бонусот ќе им биде доделен на вработените во САД и во странство, а ќе го добијат сите освен претседателите и потпретседателите, вклучувајќи ги и работниците со половина работно време и хонорарците.
Фото: Pixabay
„Мајкрософт“ има 175.508 вработени низ светот, но тука не се вклучени вработените во подружниците на компанијата, како „Линкдин“.
Иницијативата ќе ја чини компанијата околу 200 милиони долари, што е помалку од приходите што ги прави „Мајкрософт“ за два дена.
Минатата година „Фејсбук“ им додели пандемски бонус од 1.000 долари на своите вработени, а „Амазон“ им додели бонус за одмор во вредност од 300 долари на вработените што биле изложени на најголем ризик од заразување со коронавирусот.
Извор:
The Verge