X
 02.05.2022 Култура

Град во Нов Зеланд во кој не можете да влезете без пасош

Новозеландскиот „Заборавен светски автопат“ е дефинитивно еден од географските поими што се соодветно именувани. Возејќи од градот Таумарунуи до Вангамомона во Таранаки, во западниот дел на Северниот Остров во Нов Зеланд, се чувствувате како да се наоѓате во свет заборавен во времето.

Патот долг 87 километри е кривулест и немилосрден, но поради недопрените грмушки, вреди да се вози кон Република Вангамомона.

Овој мал, далечен град е добро познат во Нов Зеланд како место кое одбило да биде „проголтано“ од новите прописи за воведување зони кон крајот на 80-тите години и со тоа се прогласи за независeн. Има дури и свој „пасош“.

Всушност, ако случајно се појавите овде на Денот на Републиката, кој се одржува на секои две години во јануари, не можете да влезете во градот без пасош. Очигледно е дека сега е во доменот на шегите, но до 1989 година тоа не било шега. Имено, тогаш биле предложени промени на регионалните граници кои би го преселиле Вангамомона од провинцијата Таранаки во Манават/Вангануи, а тоа воопшто не им се допаднало на мештаните.

nov zeland
Фото: Instagram

Затоа, на 2 ноември 1989 година Вангамомона прогласил независност во знак на протест поради тоа што бил изземен од провинцијата Таранаки да биде дел од новиот регион Манавату/Вангануи. Се собрале повеќе од 400 луѓе (што е многу за мало, зафрлено село) и сите мирно го изразиле своето незадоволство од одлуката на Владата за промена на границите.

И така почнало. Од тој собир од 400 луѓе продолжува да се слави Денот на Републиката, а досега е забележана најголема бројка од 5.000 луѓе. Посетителите патуваат од целиот Нов Зеланд за да присуствуваат на необичните прослави.

- Обично во целиот регион дневно има 120 луѓе, а само 10 живеат во градот. Повеќето од нив се моето семејство. Но, на Денот на Републиката има до 2.500 луѓе - вели Вики Прат.

На Денот на Републиката во градот има голема забава. По главната улица трчаат овци, има тезги на кои се продаваат уметнички и занаетчиски ракотворби, а петте новозеландски долари, кои ги плаќате за да добиете пасош, одат директно во буџетот за одржување на локалната заедница.

2
Фото: Instagram

На секој Ден на Републиката се избира и претседател. Сегашниот претседател Џон Херли вели дека во 2017 година неговите внуци го натерале да се кандидира.

- Сето тоа изгледаше како шега, но кога дојде денот, бев нервозен додека се возев по улиците каде што се насобраа илјадници луѓе - вели Херли.

Херли останува единствениот жив сегашен или поранешен претседател (освен Вики Прат, кој ја презеде функцијата како привремен претседател кога умрел претседателот кој бил на функција). Починале Јан Кјеструп, првиот избран претседател и Мурат Кенрад, кој бил претседател од 2005 до 2015 година, како и козата Били (се шпекулира дека била отруена) и пудлицата Таи, која починала од старост.

Да, добро прочитавте, не мора човек да е претседател на Вангамомона. На изборите учествуваа папагалот Шерман, овцата Јунис и други животни.

Очигледно е дека луѓето од овој крај не ги сфаќаат работите премногу сериозно.

4
Фото: Instagram

- Сè е по малку забава, но реално, туризмот многу ѝ помага на нашата заедница. Заработуваме 15.000 новозеландски долари од продажба на пасоши на Денот на Републиката и уште 15.000 новозеландски долари во текот на годината од посетители што сакаат да добијат печат на нивните пасоши - вели Херли.

Како и повеќето жители, и Херли сака да живее во „Ванга“, иако тоа значи дека се далеку модерните погодности.

- Станува збор за старомоден Нов Зеланд со најдобри услови. Неодамна еден сосед си ја скрши раката, па десет луѓе отидоа да го прашаат што му треба и како можат да му помогнат. Кога живеете некаде далеку, мора да си помагате едни на други. Не е невообичаено да се вози половина час за да му носиш бензин на некој што останал среде автопатот на „Заборавениот светски автопат“. Далеку е и затоа треба да се грижиме за другите - како и да бидеме снаодливи и издржливи. Нема лекари, стоматолози, собирачи на ѓубре, на еден час сме од најблискиот град. Ние сме силни Таранаки и не е ни чудо што станавме република, но веќе бевме независни на некој начин - вели Вики Прат.

Извор: ВВС
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура