X
 01.03.2018 Живот

Лажните пасоши на Ким Јонг-ун и на неговиот покоен татко

пасош
Фото: Reuters

Ова се фотографии што претходно не биле видени, а откриваат дека Ким Јонг-ун и неговиот починат татко користеле бразилски пасоши за да аплицираат за визи за патување на Запад. Фотографиите на бразилските пасоши, кои досега не биле објавени, сега првпат се појавија во „Ројтерс“.

Иако нивните имиња може да се различни на документите, сигурно е дека станува збор за вистинскиот идентитет на лидерите на Северна Кореја. Пасошот на Ким Јонг-ун бил издаден под името Јозеф Пваг, наводно роден на 1 февруари 1983 година. Пасошот на неговиот татко Ким Јонг-ил бил издаден под името Иџонг Тхои со датум на раѓање 4 април 1940 година.

Пет западни европски безбедносни извори изјавиле за „Ројтерс“ дека лажните бразилски пасоши биле искористени за аплицирање за визи за посета на државите на Запад во 90-тите години.

„Ги користеле овие бразилски пасоши во обид да добијат виза од странски амбасади“, изјави висок официјален претставник на западните безбедносни служби.

„Ова ја покажува желбата за патување и укажува на обидите на владејачката фамилија да создаде можна маршрута за бегство“. Се смета дека со пасошите патувале во Бразил, Јапонија и во Хонг Конг. Тие биле издадени на 26 февруари 1996 година, на двајца мажи кои наводно живееле во Сао Пауло, Бразил.

Бразилското министерство за надворешни работи го испитува ова прашање, меѓутоа, водечкиот експерт за Северна Кореја, д-р Леонид Петров, ја доведува во прашање автентичноста на пасошите и на фотографиите.

Д-р Петров вели дека овие пасоши изгледаат непромислено, особено ако се користеле за аплицирање за виза во западните амбасади.

1
Фото: Reuters

„Дали можете да замислите како Ким Јонг-ил влегува во Франција или во Британија незабележано? Криењето во Полска или во Романија би било тешко поради тоа што се приклучиле во ЕУ во 90-тите години“, вели Петров. Тој додава дека Ким Јонг-ил имал почесни државјанства во земји како Нигерија, Перу и Еквадор, но никогаш не патувал на друго место освен во Русија, Кина и Индонезија. Тој вели дека Ким Јонг-ун го има неговиот севернокорејски дипломатски пасош што бил пригоден во времето кога студирал во Швајцарија.

Но Џон Блакленд, професор по меѓународни безбедносни и разузнавачки студии и директор на Институтот „Југоисточна Азија“, вели дека ова е фасцинантен увид во она што е познато како практика на династијата Ким.

Извештаите укажуваат дека пасошите се вистински. Биле воведени дополнителни безбедносни мерки во последниве години за да се зголеми степенот на тежината на вакви документи за да не се искористат несоодветно“, вели Џон.

Се верува дека владејачкото семејство на Северна Кореја користело патни документи добиени под лажни имиња. Различни членови на семејството на Ким го поминале времето во странство, а голем дел од нив учеле во училишта надвор од Северна Кореја.

Ким Јонг-ун дел од своето детство поминал во Берн, Швајцарија, каде што студирал во меѓународно училиште под псевдонимот Пак Ун. Бил регистриран како дете на работник на Амбасадата во Северна Кореја. Во Швајцарија учел од 1998 до крајот на 2000 година.

2
Фото: Reuters

Од 2011 година, кога го презел раководството на Северна Кореја, тој не ја напуштил земјата. Неговиот татко, пак, имал неколку патувања во странство, во земји како Кина и Русија.

Другите браќа и сестри на Ким, вклучувајќи го и неговиот полубрат, покојниот Ким Јонг-нам, и неговата сестра Ким Јо-јонг, исто така се школувале во странство.

Јонг-нам, кој бил убиен на аеродромот „Куала Лумпур“ во Малезија на 13 февруари 2017 година, во 2001 година патувал со лажен пасош во обид да влезе во Јапонија. Две жени се обвинети за неговото убиство. Тој не бил земен предвид за престолот по обидот да ја посети Јапонија со лажен пасош, откривајќи дека сакал да оди во „Дизниленд“ во Токио.

Се смета дека овој потег му донел огромен срам за семејството Ким.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот