X
 17.01.2020 Забава

Твитер-корисник докажува дека во реалноста постојат само 20 типа филмски постери

Дали имате чувство како веќе да сте ги виделе повеќето филмски постери? Во право сте - постојат испробани постери на кои дизајнерите постојано се навраќаат. Откако еднаш ќе ги забележите, нема да можете да престанете да ги гледате насекаде.

Во моментов топ-тема на твитер-корисниците се колажите создадени од францускиот блогер за филмови Кристоф Куртоа, кои покажуваат шема на бои и трендови на дизајни што станаа симболични за одредени жанрови, приказни и временски периоди. На крајот од 2019 година веб-страницата за дизајн и уметност „Creative Bloq“ изјави дека главниот кандидат за тренд на филмски постер на деценијата е текст над лицето на централниот лик, обично во слабо светло. Ова се неколку поголеми трендови и традиции што ги забележа интернетот.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава