X
 24.09.2019 Култура

Зошто морничава мелодија од 13 век постојано се појавува во филмовите?

Овие четири ноти од реквием од 13 век може да се слушнат на многу емотивни сцени во безброј филмови. Дали сте забележале и вие?

Бројот на легендарни сцени во историјата на кинематографијата може да пополни учебници напишани на стотици страници. Без сомнение, повеќето од нас имаат видено доволно од овие сцени, така што ја познаваат основната граматика на играниот филм и можат да препознаат повеќе реплики, како и композиции.

Но, музиката е таа што влијае на доста посуптилен начин, предизвикувајќи емотивни реакции без ангажирање на специфични делови од нашиот мозок. Една од омилените мелодии на режисерите, која може да се слушне во неколку филмови, е дел од „Диес Ирае“ („Денови на гневот“), грегоријански реквием од 13 век што се смета дека го напишал Томас де Келан. Химната го опишува судниот ден, последната труба што ги повикува душите пред престолот на Бог, каде што добрите ќе бидат спасени, а лошите протерани во вечен пламен.

Секако, најголем дел од овие ноти гледачите ги знаат од култната сцена во филмот „Амадеус“ каде што Моцарт ја компонира „Диес Ирае“ за свој реквием. Но, овие четири ноти може да се забележат и во „Кралот Лав“ на „Дизни“, „Војна на ѕвездите - епизода IV: Нова надеж“, „Прекрасен живот“, а тука се и „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Блиска средба со третиот вид“, како и „Сам дома“. „Диес Ирае“ е составен дел од филмовите уште откако тие постојат, односно од првиот звучен филм во 1927 година поради ефектот што го создава и го засилува чувството на страв.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура