Британската агенција „Еуромонитор“ годинава направила листа со најпопуларни светски метрополи за патување за време на пандемијата. При создавањето на листата се земени предвид и други фактори, освен бројот на туристи, како инфраструктурата и економијата, но и ефикасноста на мерките против ковид-19.
Листата со најатрактивни дестинации во светот за време на пандемијата ја преводи Париз, а во првите 10 се и Дубаи, Амстердам, Мадрид, Рим, Берлин, Њујорк, Лондон, Минхен и Барселона.
Фото: Pixabay
Париз има највисока оцена за туристички перформанс и втора највисока оцена по туристичка политика и инфраструктура. Според агенцијата, градот најмногу добил од враќањето на американските и азиските туристи.
Мадрид, кој е четврти на листата, добил највисока оцена за одржливост.
На листата со првите 20 града се наоѓаат и Виена, Милано, Прага, Лос Анџелес, Токио, Даблин, Лисабон, Франкфурт, Цирих и Истанбул.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay