X
 30.11.2023 Економија

Шпанија е прогласена за најдобра земја за дигиталните номади

Шпанија е најдобра дестинација во светот за дигиталните номади кои сакаат да работат додека патуваат.

Оваа земја се најде на врвот на листата со земји со најдобри визи за дигитални номади составена од веб-страницата „Виза гајд“. Според рангирањето, визата за дигитални номади на Шпанија е најдобра во светот, иако беше претставена овој јануари.

По Шпанија следуваат Аргентина, Романија, Обединетите Арапски Емирати и Хрватска.

Аналитичарот Лум Камиши од „Виза гајд“ објаснува дека Шпанија се наоѓа на врвот поради ниската граница за потребна плата за виза и пониските трошоци за живот во споредба со другите држави. Освен тоа, при рангирањето биле земени предвид и квалитетот на живот во земјата, брзината на интернет, можноста да се живее таму една година без да се плаќа данок и понискиот данок во втората година, додава Камиши.

Според рангирањето, може да се живее во Шпанија со минимална плата од 641 евро, иако кандидатите за виза за дигитални номади мора да заработуваат најмалку 2.140 евра месечно.

Меѓутоа, добрите услови за дигиталните номади предизвикуваат одредени проблеми за локалните жители, кои се жалат на повисоки кирии кои првично биле наменети за дигиталните номади, но ги погодуваат сите.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија