Според летната прогноза на „AccuWeather“, во поголемиот дел од Европа може да се очекува посушно лето од просекот, но на југот од Италија, како и на Балканот, ќе има повеќе дожд од просечното поради невремињата што ќе се повторуваат. Во тие подрачја се можни силни бури, но најголем проблем ќе бидат поплавите.
Рим, Неапол, Тирана, Софија и Букурешт ќе бидат изложени на ризик од бури кои ќе се движат бавно и поради кои ќе дојде до опасни поплави. „AccuWeather“ пишува и дека во тие подрачја би можело да има и периоди во кои ќе врне три до пет дена по ред. Поради тоа, ќе дојде до зголемен ризик од излевање на реките и од лизгање на земјиштето.
Таквото време би требало да ја спречи појавата на долготрајните топлински бранови.
- Ова ќе биде силен контраст во споредба со минатото лето кога имаше екстремни жештини на Балканскиот Полуостров - наведуваат од „
AccuWeather“.