МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во раните утрински часови услови за појава на магла ќе има по котлините и долините во западна Македонија. Во текот на денот ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Умерено облачно без врнежи ќе биде во делови од централна и југоисточна Македонија.
Ќе дува доумерен југоисточен и јужен ветер, а во делови од западна Македонија ќе дува доумерен западен ветер.
Утринските температури од 8 до 18 степени а максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 23 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во четврток ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 20 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок делумна стабилизација на времето, бидејќи во северозападните и североисточните предели постојат услови за локални врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 15 до 25 степени.
Сабота и недела Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност од Медитеранот која ќе донесе пообилни врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат во сабота попладне и во текот на ноќта сабота кон недела кога локално се очекуваат да наврнат од 30 до 50 литри дожд проследени со засилен ветер. Максималните температури ќе се движат од 10 до 21 степен.
Во понеделник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и дневни температури од 16 до 26 степени.
Извор: weather4all.com.mk