X
 17.05.2021 Живот

Создадена камп-куќичка со соларни панели и рециклирани плочки за еколошко уживање

Како општество, сè повеќе се потпираме на одржливото патување. Особено по периодот поминат во карантин, секој од нас сака да се врати во природата. Освен патниците, и дизајнерите сега се обидуваат да создадат одржливи решенија за патување. Си-и-ес-ти, студио за дизајн, го создаде мобилниот дом наречен „Холидеј мобајл хоум“, еден вид камп-куќичка со големина на контејнер за испорака што може да се транспортира на кој било терен.

1

Без оглед дали нашата заложба за одржливост значи повеќе кампување, а помалку летање, луѓето наоѓаат уникатен начин да патуваат почитувајќи ја природата.

Опремена со соларни панели и рециклирани плочки, оваа камп-куќичка е дизајнирана да остави помал еколошки отпечаток. Може да се постави насекаде низ светот, на различни терени и топографии. Нејзината флексибилност овозможува неколку вакви куќички да се постават на една локација, формирајќи еден вид камп.

2

Изградена е врз основа на модуларна шема, покривот е од фиберглас, а со помош на методот на извлекување, внатрешниот простор може да се прошири или да се намали.

3

3

Во внатрешноста, камперите можат да уживаат во поглед на отворено низ двослојни ламинирани, изолациски стаклени прозорци со целосна рамка, од подот до таванот.

Извор: Yankodesign.com
Фото: CE-ST
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот