Кенгурот е едно од најчудните животни што живеат на нашата планета, барем од оваа наша перспектива, но начинот на кој доаѓаат на свет е почуден и од нив самите.
Периодот на гестација, односно времетраењето на носњето на ембрионот, кај торбарите е многу кратко и обично трае од 4 до 5 недели, а кај некои видови и до 12 дена. Во случај на кенгурот, пораѓањето се одвива после 31 до 36 дена.
Но, во тој момент новороденото кенгурче е сосема неразвиено, со исклучок на предните екстремитети и структурата на лицето. Природата се погрижила и за тоа, а причината лежи во тоа што тоа мора само да стигне до брадавицата на мајката за да започне да цица. Притоа, неговата големина е нереално мала: не е поголемо од зрно грашок.
Фото: Wikimedia Commons
Она што го гледате на фотографијата погоре е всушност кенгурче непосредно пред раѓањето, кое успеало да се фати за брадавицата и да цица. Во торбата на мајката ќе остане наредните 7 до 10 месеци, а после тоа ќе започне да го открива светот. Но, нема да се задржува надвор многу долго до моментот кога ќе наполне година и пол, кога ќе се осамостои.
Посебно е интересно тоа што женките кенгури се секогаш плодни, освен денот кога ќе се породат. Но, тие имаат необична способност, да го „замрзнат“ развивањето на новороденчето кое им е во утробата додека претходното младенче не ја напушти торбата. Но, тоа не го прават секогаш, туку само за време на суша или кога нема доволно храна.
Ако повеќе младенчиња растат во торбата, мајката има способност да произведува две различни вида млеко од различни брадавици од кои цицаат
младенчињата: сѐ во зависност од потребата на младенчето, односно во зависност од нивната возраст.