X
 10.09.2017 Живот

Природата го возвраќа ударот!

ураган
Фото: AFP

Откако ги опустоши Карипските острови и Куба, ураганот Ирма сега дивее на Флорида. Прво, ветровите со јачина од 215 километри на час го погодија островот Флорида Кис, а ураганот во текот на денот се поместува по западниот брег на полуостровот.

Американските медиуми јавуваат за првите жртви. Скоро два милиони луѓе на Флорида останале без електрична енергија.

Ирма предизвика една од најголемите евакуации во историјата на Америка - околу 6,5 милиони луѓе, односно третина од населението во сојузната држава добиле наредба за евакуација. Ураганот би можел да предизвика штета вредна милијарди долари. Во продолжение погледнете фотографии и видеа што го покажуваат степенот на хаос што Ирма го направи досега.





   

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот