А1 Македонија го одбележува 17 Мај, Светскиот ден на телекомуникациите, кој оваа година Меѓународната телекомуникациска заедница го одбележува под мотото „Дигитални технологии и здраво стареење на возрасните лица“.
Придружувајќи се кон овој светски тренд, А1 Македонија ги отвори вратите за возрасните лица и ги стави на располагање своите волонтери-експерти кои на едноставен начин ги внесоа во дигиталниот свет, потенцирајќи ја важноста од дигиталната трансформација и користењето на дигиталните алатки кои овозможуваат нивна меѓусебна поврзаност и независност олеснувајќи го нивното секојдневие.
- Како општествено-одговорна компанија, но и како компанија-двигател на дигитализацијата во земјава, наша одговорност е да ги едуцираме не само младите, туку и повозрасните како безбедно да ја користат светската мрежа и како од неа да исползуваат придобивки во секојдневието – изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.
- Навистина ни е драго што нашите членови беа дел од овој настан. Добија многу корисни совети кои ќе им помогнат во нивното интернет-секојдневие, како да бидат информирани, како да комуницираат со своите најблиски, но и како безбедно да користат онлајн услуги, притоа внимавајќи на своите лични податоци. Благодарност до А1 Македонија, која покажува дека не заборава на возрасните и секогаш знае што е во моментот актуелно и што нам ни е потребно - изјави претседателката на Сојузот на пензионери на Македонија, г-ѓа Станка Трајкова.
Под мотото „За подобар свет” во рамките на програмата ESG (environmental, social and corporate governance), А1 Македонија целосно е посветена кон развој и реализација на општествено-одговорни проекти во областа на животната средина, дигиталната писменост и корпоративно управување.
(Комерцијална објава)