Би сакале да ве известиме дека А1 Македонија активно ги следи сите случувања поврзани со Ковид-19 вирусот во земјата и во регионот и следствено на тоа, минатиот месец ги одложи сите предвидени настани, меѓу кои и натпреварот за претприемништво „Get in the ring Skopje 2020“, кој требаше да се одржи во просториите на компанијата.
Објавената информација од страна на организаторот на настанот, Студентски парламент на ФИНКИ, е грешна и некоординирана со А1 Македонија.
Уште еднаш потенцираме дека А1 Македонија одговорно ги следи препораките на СЗО и Министерството за здравство и ги презема сите мерки за заштита на вработените и корисниците и ќе продолжи да реагира согласно ситуацијата и препораките. За сите активности и настани на компанијата, ќе бидете уредно и навремено известени.