Фото: Pixabay
Тестирањето на „Убер“ автономните возила во Темпи, Питсбург, Сан Франциско и Торонто било суспендирано после првата несреќа што предизвикала смртен случај.
Жена-пешак починала откако ја удрил автономно возило на „Убер“ во Темпи, Аризона. Ова е прва несреќа со смртоносен исход во кој на јавните патишта учествувало автономно возило.
И покрај фактот што имало човек позади воланот, „Убер“ возилото било во автономен режим кога удрило во жената која ја преминувала улицата.
„Изразуваме сочувство до семејството на жртвата и максимално соработуваме со локалните власти во нивната истрага за инцидентот“, изјави портпаролката на „Убер“.
Поради несреќата, „Убер“ го суспендира тестирањето на
автономните возила во Темпи, Питсбург, Сан Франциско и Торонто.