Никогаш не е лошо време за учење нов јазик. Честопати мислиме дека учењето нов јазик е за младите, но не е невозможна мисија ниту за постарите. Истражувањата покажуваат дека учењето нов јазик може да го подобри помнењето и да ги успори ефектите на стареењето. „Ментал Флос“ објави краток водич за учење нови јазици кој вреди да се погледне.
Разговарајте
Зборувањето е задолжително кога станува збор за учење нов јазик. Луѓето имаат повеќе видови вокабулар, меѓу кои и орален и пишан. Зборовите кои ги разбирате кога ги слушате може да бидат различни од оние кои ги користите во говорот, а зборовите кои ги изговарате може да бидат различни од оние кои ги користите во пишување. За да бидете способни за зборување мора да вежбате произведување нови зборови.
Не се плашете или срамете
Разговарањето на странски јазик носи грешки кои не може да бидат одбегнати. Може погрешно да изговорите зборови или да кажете нешто што не звучи логично за локален жител. Меѓутоа, никој не очекува да зборувате совршено туку да се разберете.
Кога одите на курс, одете на правилен
Не се мачете да одите на курс кадешто професорот ви се обраќа на мајчиниот јазик. На децата им се потребни 2-5 години да ја усовршат граматиката на првиот јазик со часови вежбање, па очекувајте и вам да ви биде потребно толку.
Слушајте
Едно истражување од Универзитетот во Нов Зеланд открива дека честата изложеност на звукот на странскиот јазик, без разлика дали ги разбирате зборовите или не, помага во учењето.
Најдете аудио книги на јазикот
На интернет има многу аудио книги на повеќе јазици. Слушањето ќе ви помогне во учењето нови зборови и подобро разбирање на новиот јазик кој го учите.
Посетете место кадешто се зборува јазикот
Како што беше споменато, најдобриот начин за учење јазик е слушањето и користењето на истиот. Од помош е да вежбате со локалните жители наместо со други ученици на јазикот кои ги прават истите грешки како и вие.
Редовно вежбајте
Доколку не зборувате течно за првите неколку недели, не се откажувајте. Не заборавајте дека ви беа потребни години за да го научите првиот јазик. Потребно е многу вежбање за усовршување нов јазик.