X
 17.06.2018 Живот

Дали можеме да ја спасиме Земјата со намалување на наталитетот?

Според одамнешните предвидувања на Томас Малтус кон крајот на 18-от век, Земјата, поради преголемата популација ја чека масовно гладување. Познатиот британски економист сметал дека луѓето нема да бидат во состојба да произведат доволно храна, меѓутоа предвидел човечка снаодливост и развој на нови технологии. Во неговото време, на нашата планета живееле милијарда луѓе.

60-тите години на минатиот век, биологот од Стенфорд, Пол Ехрилх, во книгата „Популациска бомба“, исто така предвидувал недостаток на храна во 70-тите, предвидувајќи брз раст на населението од производството на храна, но не бил во право. Во негово време, населението било двојно помало отколку денес.

deca
Фото: Pixsell


Демографите на ОН сега предвидуваат дека до 2050 година ќе има 9.8 милијарди луѓе на Земјата, а до крајот на векот 11.2 милијарди. За само 12 години, од 2011 до 2023 година, ќе има за милијарда повеќе население. Секоја година, глобалното семејство се зголемува за 83 милиони луѓе. И овој пат, песимистите предвидуваат дека поради експлозија на популациската бомба, човештвото нема да може да се прехрани. Ако нема доволно храна, ако гладната уста не успееме да ја заштитиме со земјоделските култури, тогаш што ни преостанува?

-Ни преостанува раѓање на помал број на деца - пишува Блумберг и додава: - За среќа, тоа и се случува. Земјата и човечкиот род ќе преживее благодарение на пониската плодност бидејќи таа во глобала опаѓа.

Добра вест за човештвото, очајна за некои земји

Ова е добра вест за човештвото, а очајна за некои земји во обидот да го запрат изумирањето на нациите.

Зошто плодноста глобално опаѓа? Во повеќето земји семејства повеќе и не постојат, а во некогашните рурални општества повеќе нема шест или седум деца, туку две или едно. Порано во селата обично се раѓале повеќе деца бидејќи за обработување на земјата биле потребни многу раце, но во урбаниот живот за тоа нема потреба. Во урбаниот живот децата чинат доста пари, жените од дома излегоа на пазарот на труд, семејството се планира, се користи контрацепција...

Сѐ оди против големие семејства, но кога во некоја земја стапката на плодност падне пониско од 2.1 (глобалниот просек е 2.45), што е темел на одржување на популацијата на исто ниво, демографите велат дека стапката на плодност тешко се подигнува и повеќе не оди на горе. Типичен пример за тоа е Јапонија, земја која во 70-тите години на минатиот век жените во просек раѓале 2.1 дете, а денес раѓаат само 1.4 помалку од во богатите земји како Америка или Шведска. Ова најмногу ги погодува индустриските земји, особено европските.

Според анализата на податоците на Светската банка од 2016 година за популациските трендови во 195 земји, Македонија се најде на 167 место со стапка на наталитет од само 1.52.

Откако глобалниот тренд покажа дека не треба да се плашиме од дистопискиот поглед на светот преполн со градови со 100 милиони луѓе гладни молејќи за корка леб, луѓето сега се плашат дека на регионално ниво ќе ги помести некоја друга култура што секогаш ќе раѓа повеќе деца. Но стапката на наталитет се намалува и во муслиманските држави со традиционално многу потомци. Ова се случува во Иран, со стапка на наталитет од 1.67, многу пониска од просекот во светот, како и во Саудиска Арабија, Бангладеш и Индонезија, а нив им се приближуваат и Египет и Пакистан.

Земјата која достигнува 5.000 долари БДП по глава на жител речиси никогаш нема висока стапка на плодност, па брзиот економски раст на некои земји значи дека во нив се намалува стапката на наталитет. Со тоа, оваа транзиција се случува многу побрзо денес отколку во минатото.

И додека некои нации тивко умираат, дури и оние африканските земји во кои се случува ненадејна транзиција од големо во мало семејство, со децении ќе бидат подмладени, едноставно затоа што денес 77 отсто од Африканците се помлади од 35 години, што значи дека ќе раѓаат деца, за разлика од Јапонците, меѓу кои секој втор е постар од 46 години. Млади и силни, од земји во кои се водат војни, многумина од нив ќе сакаат да емигрираат во богатите, стари земји. Ова сценариот веќе добро ѝ е познато на Европа. Популациската бомба нема да експлодира, но светот очекува нова реконструкција.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот