Германската влада ќе го прошири системот за издавање шестмесечни визи со кои на луѓето надвор од ЕУ ќе им се дозволи да бараат работа, во обид да се реши проблемот со недостиг на квалификувани работници.
Германскиот министер за внатрешни работи Хорс Зехофер изјави дека системот за издавање визи, моментално достапен за луѓето со факултетски дипломи, ќе се прошири на луѓе со стручни квалификации.
Зехофер изјави дека Германија не сака имиграција која влегува во системот за социјална помош. Барателите на виза ќе мора да докажат дека можат да се издржуваат себеси и дека знаат германски.
Министерот за работа Хубертус Хајл изјави дека владата се договорила за прагматично решение за одбивање на баратели на азил што имаат работа во
Германија и се добро интегрирани. Тој додаде дека владата има намера да им даде сигурен статус, така што погрешните луѓе нема да бидат вратени назад, а потоа ќе се обидат да ги регрутираат квалификуваните работници од третите земји.