Доколку подоброто работење или подобрувањето на преговарачките вештини не се од помош за зголемување на платата, можеби треба да размислите за давање отказ.
„
The Atlantic“ известува дека според истражувачкиот институт АДП, вработените лица со полно работно време кои промениле работа добиле покажување од просечно 4,5% на платата. Истражувањето било спроведено во САД. Во некои делови од земјата покачувањето е и повисоко - над 5%.
Излегува дека лојалноста не се исплати секогаш. Вработените кои остануваат во истата компанија две години или повеќе може да очекуваат заработка 50% помала во просек, отколку кога би го промениле работното место, известува „Forbes“ во 2014.
Финансиските бенефиции при менувањето на работата немаат исто влијание на секого. Работниците на возраст од 25 до 34 имаат поголеми шанси за зголемување на платата отколку оние на возраст од 35 до 54, а за вработените постари од 55 години, трендот е уште полош.