Во 1984 година, ЦД-РОМ-от штотуку бил измислен, бил започнат првиот „Епл Макинтош“, „Тетрис“ била омилена игра, а предведувањата на Џорџ Орвел од книгата „1984“ не се реализирале. Токму оваа година мејлот и интернетот биле во своите почетоци, а луѓето ги користеле повремено.
За среќа, британскиот телевизиски канал „Темза ТВ“ документирал како техничарите Џулијан и Пет Грин во 1984 година испраќаат и примаат мејл пошта во емисијата „База на податоци“, а својата снимка ја пренеле на „Јутјуб“.
Не би верувале, но испраќањето на мејл во 1984 година било доста комплицирано. Еве како изгледало.
Пред испраќањето на мејл било потребно поврзување на онлајн услуга. Денес е тоа прилично едноставно, но тогаш процесот бил различен.
Прво било потребно да се приклучите на телефонската линија на модем, а потоа да се спои модемот со компјутерот. Потоа требало да се повика компјутерот со помош на телефон. Кога ќе се воспоставела врската, било потребно да се вклучи прекинувачот на модемот. Тогаш сте постигнувале конекција.
Грин, кои тогаш го демонстрирал процесот, на тој начин што се приклучувал на услугата „Микронет 800“, вид на рана услуга „АОЛ“, онлајн магазин што обезбедувал вести, софтверски прегледи и мејл услуги.
После поврзувањето со „Микронет“, конечно може да се напише мејлот. Но тогаш не постоеле е-адреси какви што познаваме денес. Во 1984 година, е-адресата била броеви и букв. Во овој случај, адресата била „7776а“. Пораката што тогаш била испратена гласи. „Со најдобри желби во тимот за база на податоци, електронски ваши, семејството Грин“.