X
 17.02.2016 Технологија

Како наједноставно да преземете видео од YouTube?

YouTube е вториот најголем пребарувач во светот, веднаш позади Google, а пред Bing и Yahoo. Од друга страна, YouTube е и една од најголемите бази со видео снимки на интернет. Ретко кој не слушнал за оваа страна, која ни служи за забава, учење и други работи.

 

видео


Понекогаш сакаме да преземеме некое од видеата, за да можеме да го гледаме кога сакаме и каде сакаме. Постојат различни начини како да се преземе видеото на својот компјутер, меѓутоа сите вклучуваат претходна инсталација на дополнителен софтвер или префрлање на друга страна. Затоа ви нудиме наједноставен начин да го направите тоа.

- Најпрво пријавете се на вашиот Google профил, отворете го YouTube и напишете го видеото кое сакате да го преземете.

- Кликнете на избраното видео и почекајте неколку секунди додека не започне.

- После тоа напишете „ss“ во прозорчето за URL, веднаш после www. На пример, ако адресата на видеото е  https://www.youtube.com/watch?v=xyz, тогаш вие додавате „ss“, па адресата ќе биде https://www.ssyoutube.com/watch?v=xyz

За брзо време ќе бидете пренасочени на страна кадешто можете да изберете формат за видео снимката, а потоа и да го преземете видеото.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија