X
 07.12.2024 Наука

Научниците пресметале кога може да дојде до голема катастрофа наречена „Арктик без мраз“

Научниците го дефинираат „Арктикот без мраз“ како состојба кога површината на мразот е помала од еден милион квадратни километри. Според нивните предвидувања, тоа би можело да се случи помеѓу 2032 и 2043 година, но постои можност ова сценарио да се случи уште во 2027 година, во зависност од климатските услови и човечките активности.

Резултатите покажале дека е веројатно да настапи ден без мраз, дури и ако се намалат емисиите на стакленички гасови. Сепак, екстремните сценарија укажуваат на забрзана динамика на топење. Научниците истакнуваат дека тоа нема да значи непосреден колапс на арктичкиот екосистем, туку ќе покаже како човечките активности трајно ја промениле оваа област, која некогаш се карактеризирала со постојани слоеви мраз и снег.

Според истражувачката Александра Јан од Универзитетот „Колорадо Болдер“, ова може да биде значаен показател за тоа како емисиите на стакленички гасови влијаеле врз природната средина.

- Иако првиот ден без мраз нема веднаш да предизвика катастрофални последици, тој ќе го симболизира крајот на една од клучните карактеристики на Арктикот - неговата ледена површина во текот на целата година - вели Јан.

Септември 2023 година донесе уште едно предупредување - минимумот на арктичкиот морски мраз беше еден од најниските досега забележани, според Националниот центар за податоци за снег и мраз. Селин Хеуз, истражувачка од Универзитетот во Гетеборг, вели дека е многу важно да се разбере што го предизвикува забрзаното топење на мразот и како можеме да се приспособиме на овие промени. Според неа, првиот ден без мраз може да се случи многу порано од првиот месец без мраз, но двата настана укажуваат на сериозни последици врз климата, морскиот живот и глобалните временски системи.

Претходните истражувања предвидуваа дека првата месечина без мраз би можела да се случи во текот на 30-тите години, но новите наоди посочуваат дека процесот се забрзува. Експертите нагласуваат дека секое намалување на емисиите на стакленички гасови може да помогне да се забави овој феномен и да се зачува преостанатиот морски мраз.

Извор: klik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука