X
 28.07.2016 Наука

Зимата не` тера да сакаме, а летото не` прави насилни

Знаеме дека летните денови не' прават среќни - но дали знаете дека и не' тераат да се коцкаме? Или пак тоа дека топлото време не' прави помалку сексуално активни и предизвикува поголеми инциденти на депресија? Времето влијае врз однесувањето на човекот на многу посилни и почудни начини.

Топло време

Насилство

Истражувањата велат дека високите температури можат да доведат до повеќе насилни криминални дела. Како причина се наведува високото ниво на непријатност кое предизвикува агресивно однесување, додека пак други веруваат дека причината лежи во тоа што повеќе луѓе се излезени, со што има повеќе потенцијални жртви.

Коцкање

Луѓето имаат поголема веројатност да се коцкаат на сончеви денови, особно кога не се очекува сончево време. Феноменот се случува поради тоа што доброто време предизвикува чувство на возбуда кое пак доведува до преземање на поголеми ризици.

Зголемување на довербата


Изолираниот кортекс на мозокот е одговорен за нашите социјални одлуки и чувства на доверба, и е стимулиран од физичката топлина и задоволство. Кога сме изложени на потопли температури, поголема е веројатноста да им веруваме на луѓето околу нас.

Стапки на раѓање

Истражувањата откриваат дека постои силна корелација помеѓу високите температури и намалените стапки на раѓање 9 месеци подоцна. Резултатите предизвикуваат загриженост над ефектите на глобалното затоплување врз нивното на популација.

Дарежливост

Се смета дека потоплите температури ги тераат луѓето да бидат повеќе дарежливи во секојдневниот живот, со што се подобрува нивното расположение и ги охрабрува да даваат поголема помош.

Едно истражување ги тестираше ефектите на сончевата светлина врз волјата на возачот да застане и во автомобилот да качи автостопери. Резултатите покажуваат дека во текот на сончевите денови луѓето имаат поголема волја да им помогнат на автостоперите отколку на облачно време.

Жешко и студено време

Променето расудување

Се смета дека жешките и студените температури можат да влијаат врз начинот на кој ги проценуваме луѓето. Истражување открива дека во криминално судење, температурата на собата имала директно влијание врз перцепцијата на судијата за криминалецот кому му се судело. Во студените соби, криминалците повеќе се гледале како сурови напаѓачи чии криминални дела биле претходно организирани.

Студено време

Романса

Истражувањата покажуваат дека кога чувствуваме физички студ, повеќе бараме психолошка топлина. Истражувачите манипулирале со температурата во собата, а потоа тие ги запрашале учесниците да изберат филм. Тоа покажало дека постои значителна корелација кога човек е во студени услови и изборот на романтичен филм.

Промена на годишно време


Самоубиства

Иако зимата е времето кога повеќето од нас се чувствуваат како расположението да им опаѓа поради промената на времето и сончевата светлина, всушност доцната пролет и раното лето е време кога се случуваат најголем дел од самоубистватта. Иако не постои дефинитивно објаснување позади ова, многу веруваат дека е поврзано со зголемената интеракција која се случува во текот на овие годишни времиња, со што се предизвикуваат повеќе самоубиствени мисли.

Сезонско афективно нарушување

Сезонското афективно нарушување е депресивна болест која се појавува поради недостатокот на сончева светлина во текот на зима. Симптомите на ова нарушување се поврзани со желбата за хибернирање, претоплување и повеќе спиење.

Екстремно време

Зголемена емпатија

Од мали гестови како што е донирање во засолништа за бездомници за време на најстудените денови во зима, до поекстремни примери на спасување на некој за време на лоша бура, гестовите на емпатија и љубезност често пати се среќаваат кај луѓето особено во екстремни временски услови.

Проблеми со менталното здравје


Луѓето кои живеат во области со висок ризик за екстремно време можат да искусат сериозни ментални проблеми вклучувајќи депресија, анксиозност и пост-трауматски стрес поради вистински настан и последиците од него.

Се смета дека глобалното затоплување може да има значително влијание врз менталното здравје вклучувајќи зголемен стрес, злоупотреба на супстанции, вознемиреност предизвикана од нарушувања па дури и самоубиства.

Полна месечина

Стапки на криминал


Некои луѓе веруваат дека присуството на полна месечина може да предизвика одредено неправилно однесување меѓу луѓето и животните. Истражувањата за криминалните стапки откриваат поврзаност помеѓу деновите со полна месечина и криминалите. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука