Омилената епизода на Метју Пери од серијата „Пријатели“ е онаа во која тој најмалку зборува.
Ликот на Пери во серијата, Чендлер Бинг, често најмногу зборува во епизодите. Сепак, омилената епизода на Пери е онаа во која Њујорк останува без струја во првата сезона, откри тој во интервју минатата година.
Пери, кој почина минатиот месец, објасни во интервјуто зошто таа епизода му е омилена.
- Интересната работа со таа епизода беше што не зборував многу, најчесто беше снимен говор. Претходно го снимивме она што го кажувам и јас требаше да реагирам - објаснил тој.
Тој додал дека неговата придружничка во сцената му ја олеснила работата.
- Да бидеме искрени: Џил Гудејкр е згодна, па не беше толку тешко - рекол тој.
Пери додал дека гледајќи ги неговите колеги, сфатил дека серијата е нешто посебно.
Извор:
Huffpost
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)