Ким Карадашијан-Вест откри дека реалното шоу на нејзиното семејство „Кардашијанови“ (Keeping up with the Kardashians) ќе заврши по следната сезона. Шоуто, кое многумина го сметаат за контроверзно, се емитуваше цели 14 години.
- Со тешки срца ја донесовме тешката одлука како семејство да се збогуваме со „Кардашијанови“ - напиша ѕвездата во вторникот на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
To our amazing fans - It is with heavy hearts that we’ve made the difficult decision as a family to say goodbye to Keeping Up with the Kardashians. After what will be 14 years, 20 seasons, hundreds of episodes and numerous spin-off shows, we are beyond grateful to all of you who’ve watched us for all of these years – through the good times, the bad times, the happiness, the tears, and the many relationships and children. We’ll forever cherish the wonderful memories and countless people we’ve met along the way. Thank you to the thousands of individuals and businesses that have been a part of this experience and, most importantly, a very special thank you to Ryan Seacrest for believing in us, E! for being our partner, and our production team at Bunim/Murray, who’ve spent countless hours documenting our lives. Our last season will air early next year in 2021. Without Keeping Up with The Kardashians, I wouldn’t be where I am today. I am so incredibly grateful to everyone who has watched and supported me and my family these past 14 incredible years. This show made us who we are and I will be forever in debt to everyone who played a role in shaping our careers and changing our lives forever. With Love and Gratitude, Kim
A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on
Таа додаде и дека без серијата не би била таму каде што се наоѓа денес. Ова дефинитивно е точно доколку се пресмета колку пари заработило семејството за време на снимањето на серијата. „Чит шит“ известува дека заедно, членовите на семејството Кардашијан и Џенер во 2017 заработувале околу 100 милиони долари од епизода според еден договор кој траел три години.
Тоа значи дека секој член од семејството добивал околу 900.000 долари по епизода. Земајќи предвид дека има 20 епизоди во секоја сезона, секој член од семејството заработил по 18 милиони долари за една сезона. Медиумите пишуваат дека сумата се разликувала во последните сезони.
„Блест“ пишува дека семејството добило 150 милиони долари за тригодишен договор со телевизијата „Е!“, а ова не е ниту единствениот извор на финансии за семејството за време на снимањето на серијата. Како што знае секој што користи интернет, сестрите и мајката често се појавуваат во реклами и застапуваат многу брендови.
Се проценува дека Ким Карашијан-Вест „тежи“ 900 милиони долари годинава според „Форбс“. Кајли Џенер беше прогласена за млада милијардерка, но сега нејзиното богатство се проценува на 900 милиони долари, како и на нејзината поголема сестра.
Крис Џенер, која е и извршен продуцент на серијата, има 37,5 милиони долари, според „Харперс базар“. Скот Дисик, поранешниот партнер на Кортни Кардашијан, „тежи“ 40 милиони долари.
Се чини дека сепак семејството нема да има проблеми со финансиите и по завршувањето на
серијата.
Автор: Мелиса Вилетс
Извор:
thelist.com
Фото: Instagram