X
 16.06.2019 Култура

Сцените од серијата „Чернобил“ наспроти вистинските снимки од 1986

Публиката денес не може да се насити од историја, особено историја преточена во телевизиска серија. Во моментов, серијата на Ејч-би-о „Чернобил“ е драматизација на настаните што доведоа до нуклеарната катастрофа, како и настаните по нуклеарната катастрофа.

- Материјалната култура на Советскиот сојуз е репродуцирана со точност што никогаш порано не била забележана на филм - пишува Маша Гесен од „Њујоркер“.

Но, заедно со пофалбата за точноста, доаѓа и критиката за нејзината подлабока замисла и времето и местото на прикажување.

- Серијата не успева точно да ги прикаже советските моќни односи - вели Гесен.

Меѓу застрашувачките вистини на вистинската приказна за катастрофата во Чернобил е колку многу инволвирани лица претходно знаеле што би можело да се случи со реакторот кој експлодирал на 26 април 1986 година.

Видеото подолу ги комбинира сцените од серијата заедно со снимките од вистинскиот настан што ја инспирира серијата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура