Според податоците што неодамна ги соопшти Министерството за туризам, половина час по победата над Англија биле напишани речиси 300.000 статии за Хрватска, а половина час по натпреварот меѓу Хрватска и Русија зборот „Хрватска“ се споменувал 20.000 пати на интернет. Подвизите на хрватската фудбалска репрезентација ги следеа многу светски медиуми, а освен за фудбалот и фудбалерите, често се пишуваше и за земјата од која доаѓаат, односно за која играат.
Овие денови Хрватска на „Гугл“ се пребаруваше повеќе од американскиот претседател Доналд Трамп. Еве како изгледаа последните 90 дена (сината линија е Трамп, а црвената е Хрватска).
Фото: Google Trends
Колкав е порастот на интересот за зборот „Хрватска“, погледнете како „Гугл Трендс“ го прикажува пребарувањето на зборот во последните 90 дена:
Фото: Google Trends
Порасна и интересот за најдобриот хрватски фудбалер Лука Модриќ:
Фото: Google Trends
Можноста за самопромоција ја искористи и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, за која имаше зголемен интерес во медиумите. Погледнете ги нејзините последни 90 дена на „
Гугл Трендс“.
Фото: Google Trends
Томислав Грубишиќ, главниот извршен директор на компанијата „Медиатулкит“ и коосновач на агенцијата „Дегордиан“, го следел бројот со помош на алатката што ја развила компанијата.
Според податоците што тој ги изнел, по финалето Хрватска во медиумите се споменувала 30 отсто повеќе отколку во текот на полуфиналето, иако и тогаш имало рекорди.
И „Гугл“ им оддаде почит на Хрватите
Фото: Vedran Klemens
И „
Гугл Дудлс“ објави нов цртеж по повод хрватскиот успех на Светското првенство. За цртежот е заслужен Ведран Клеменс.