X
 30.10.2020 Технологија

Како изгледале веб-страниците на „Епл“, „Гугл“ и „Амазон“ во 1999 година?

1999 година: „Believe“ на Шер беше популарна на радио, Бил Клинтон беше отповикан, а дајл-ап интернетот одекнуваше во семејните соби низ целиот свет. Интернетот тогаш сè уште беше млад - чуден, непријатен и болно бавен. Дот-ком сè уште растеше, додека оние што создаваа содржина на интернет честопати не знаеја што прават.

- 90-тите години од минатиот век беа обележани со истражувањето на можностите за графичкиот дизајн на интернет и пребарување начини како да се пристапи кон веб-дизајнот, бидејќи во тоа време мнозинството веб-дизајнери имаа искуство само со дизајнирање печатен материјал - вели Птер Ковар, основач на Музејот за веб-дизајн, кој прави онлајн-изложби за страниците од 90-тите.

Многу веб-страници денес изгледаат исто затоа што се става поголем акцент на пристапноста, применливоста за сметка на визуелната оригиналност, вели Ковар.

Иако постојат многу услуги што ја архивираат мрежата, како интернет-архивата со својата влијателна машина „Вејбек“, Ковар организира историски слики за да обезбеди подобар контекст за минатото на интернетот. Дали сакате да видите како изгледале веб-страниците за музика, филмови, фудбал пред неколку децении? Музејот на Ковар има примероци. Исто така, музејот има и колекција на пребарувачи од 90-тите, а за дел од нив веројатно никогаш не сте слушнале.  

Интернет-корисниците родени по 2000 година имаат нејасна идеја за тоа како изгледале веб-страниците во 90-тите и околу 2000 година, вели Ковар.

За да ги освежите спомените и да им овозможите на тикток-тинејџерите лекција по историја на интернетот, во продолжение е колекција на почетни страници на веб-страниците од 1999 година.

1

2

3

4

5

6

7

8

Извор: Mashable
Фото: Internet archive
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија