X
 28.02.2016 Технологија

Подгответе се за 5G и новиот свет кој ќе го донесе

Технологијата се менува, но и нашите очекувања. Интернетот беше во ред на почетокот кога се појави. Не се жалевме дека сликите не се вчитуваат веднаш. Не ни беше проблем да почекаме да се „наполни“ видеото бидејќи знаевме дека тоа е цената што мора да се плати доколку сакаме да имаме пристап до сè од секое место. Сега е поразлично.


Интернетот стана брз, визуелен и сите ние сме онлајн. Прво дојде 3G, па 4G, а сега одиме чекор напред. Подгответе се за следната револуција во комуникацијата. Претставувањето на најбрзиот 5G мобилен интернет е закажано за 2020 година, а со него ќе се претстават брзини за кои се смета дека се стотици пати поголеми од оние на 4G.

Медиумите и останатите индустрии ќе треба да се адаптираат на новите процеси, размислување и однесување кои ќе ги донесе оваа револуција. 5G-то ќе донесе виртуелна и вештачка реалност, која ќе изгледа пореално од било кога.

Социјалните мрежи ќе се доживуваат во реално време како нашите пријатели да се во собата со нас. Секаков маркетинг ќе биде реплициран во овој виртуелен свет. Ќе се промени и начинот на размислување. Сега сме опкружени со екрани кои стануваат платформи за создавање значење.

Со 5G ќе треба да се навикнеме и на холограми и виртуелни светови. Радиото и телевизијата веќе ја губат смислата во еден свет кадешто сè е дигитално поврзано и сè се чува во облак.

Со трансформацијата индустриите ќе треба да бараат начин за поврзување со потрошувачите преку уредите и платформите кои ги користат и на начини на кои реагираат. Ова ќе биде главната цел на брендовите, претприемачите и иноваторите.

Од свет кадешто мобилните се сè ќе станеме свет кадешто ќе се поврзуваме преку иновација, креативност и сè уште незамислените платформи и уреди ќе бидат сè што е битно, пишува Том Годвин за „The Gardian“. 

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија