X
 11.12.2019 Наука

Нашето тело најмногу старее на 34, 60 и 78 години

Во однос на биолошкото стареење, се чини дека нашето тело ги менува брзините трипати во текот на животниот век, на 34, на 60 и на 78 години.

Со други зборови, сега имаме доказ дека стареењето не е долг, континуиран процес што се движи со иста брзина во текот на нашите животи, покажуваат новите истражувања.

Наодите може да ни помогнат да разбереме како нашите тела почнуваат да откажуваат како што стареат и како би можеле подобро да се решат специфични болести поврзани со возраста - вклучувајќи и Алцхајмерова или кардиоваскуларна болест. Истото истражување постави нов начин за веродостојно предвидување на возраста на луѓето користејќи ги нивоата на протеини во нивната крв.

- Со длабока анализа на плазма протеомот ги идентификувавме непропустливите промени за време на животниот век на човекот - пишуваат истражувачите во објавениот труд.

- Овие промени беа резултат на кластери на протеини кои се движат во различни модели, кулминирајќи со појава на три брана на стареење - пишува во трудот.

telo
Фото: Shutterstcok


Тимот анализирал податоци од крвната плазма на 4.263 лица на возраст од 18 до 95 години, анализирајќи ги нивоата на околу 3.000 различни протеини што се движат низ овие биолошки системи и дејствувајќи како слика од она што се случува во телото: пронајдено е дека 1.379 варирале со возраста.

Додека овие нивоа на протеини често остануваат релативно константни, истражувачите откриле дека се случиле големи промени во читањето на протеините на 34-годишна возраст, 60-годишна возраст и 78-годишна возраст.

Зошто ова се случува и како, сè уште не е јасно; но, ако протеините можат да се следат назад до нивниот извор, тоа може да му овозможи на лекарот, на пример, да ве предупреди дека црниот дроб старее побрзо од просекот.

Исто така, се потенцира врската помеѓу стареењето и крвта, нешто што е забележано во претходните истражувања.

- Одамна знаевме дека мерењето одредени протеини во крвта може да ви даде информации за здравствената состојба на една личност - на пример, липопротеини за кардиоваскуларното здравје - вели неврологот Тони Вис-Кореј од Центарот за истражување на болести на „Стенфорд“.

Но, не е прифатено дека толку многу различни нивоа на протеини значително се менуваат со возраста.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука