Малкумина знаат дека таткото на 5Г е турскиот професор Ердал Арикан.
5Г се базира на математички алгоритам на кој наидовме по два месеца од неговото објавување. Ни требаше една деценија за да го трансформираме алгоритамот во технолошки развој. Ние располагаме со најголем број и со најквалитетните 5Г-патенти во светот - вкупно над 27% од нив се на „Хуавеј“, вели основачот Рен Женгфеи.
„5Г-технологиите сега се широко прифатени како важен дел од идниот развој на човештвото. Малкумина се свесни дека се базирани на математички алгоритам напишан од турскиот професор Ердал Арикан пред повеќе од една деценија. Наидовме на овој алгоритам по два месеца од неговото објавување. Потоа започнавме детални истражувања и анализи, а потоа аплициравме за патенти. Илјадници вработени од Хуавеј учествуваа во овие студии. Ни требаше една деценија за да го трансформираме математичкиот алгоритам во технолошкиот развој. Ние располагаме со најголем број и со најквалитетните 5Г-патенти во светот - вкупно над 27% од нив се на Хуавеј.
Ова го истакна Рен Женгфуи, основачот на Хуавеј, на прес-конференција за кинески медиуми одржана на 21 мај, каде што во одговори на новинарски прашања зборуваше за малку познатите факти за 5Г-технологијата и за тоа колку се важни вложувањата во образованието и во науката.
Тој вели дека професорот Арикан не е вработен во Хуавеј, но компанијата ја спонзорира неговата лабораторија за да може да обучи повеќе докторанди, кои исто така се поддржуваат.
„Ние, исто така, спонзорираме универзитетски професор во Јапонија. Пред извесно време тој обучи четири доктори, кои подоцна станаа вработени во Хуавеј, но продолжија да работат во неговата канцеларија. Тој потоа зеде уште четири докторанди да работат за него, сите осум работат во неговата лабораторија во исто време. Сите откритија што ги прават им припаѓаат ним, а не нам. Ако сакаме да ги искористиме нивните откритија, ние ги плаќаме правилно. Како што реков, пристапот е сличен на американскиот акт "Bayh-Doyle". Овој пристап го користиме за да работиме со повеќе научници“, вели Рен.
Според основачот на Хуавеј, компанијата има 26 истражувачки центри низ светот. Во моментов има повеќе од 700 математичари, 800 физичари и 120 хемичари. Има Институт за стратешки студии, кој обезбедува финансирање на многу реномирани научници на реномирани универзитети низ целиот свет. Притоа, не се очекува овие инвестиции да бидат вратени, туку начинот на кој се спонзорираат овие студии е сличен на оној опишан во американскиот акт "Bayh-Doyle". Универзитетите се оние што ги добиваат дивидендите од овие инвестиции, а компанијата добива можност да работи со повеќе научници од повеќе сфери кои се наоѓаат во различни фази во нивното истражување.
„Минатата недела организиравме глобална научна конференција. Неколку брилијантни млади научници, сите носители на докторски студии, присуствуваа на конференцијата и ги презентираа своите нови технологии пред мене и моите колеги. Тие детално ми објаснија што овие откритија ќе значат за нашето општество во наредните години, и бев импресиониран. Ние често ја правиме таквата комуникација низ целиот свет. Ова од една страна ни овозможува да усвоиме нови идеи, а од друга - младите научници подобро да ги разберат барањата и стандардите во нашата компанија“, додава Рен.
Тој сепак смета дека кога станува збор за привлекување млади таленти, западните компании имаат подобро око за талентите. Тие привлекуваат млади луѓе и им обезбедуваат корпоративна обука за време на стажирањето, што е различно од вообичаениот модел што се наметнува во Кина.
„Во моментов имаме поголеми можности да се натпреваруваме со Соединетите Американски Држави во однос на регрутирањето, но сè уште заостануваме во привлекувањето истакнати млади таленти. Ние им нудиме на потенцијалните кандидати да работат уште од вториот курс на нивното академско образование.
Студентите од новосибирските универзитети се, на пример, шампиони или потпретседатели на најпрестижните меѓународни турнири за програмирање во последните 6 години. „Гугл“ им нуди 5 или 6 пати повисоки плати од нормалните за да работат за нив. Оваа година и ние сме подготвени да понудиме повисоки плати од „Гугл“ за да ги привлечеме овие луѓе да работат во нашите истражувачки центри во Русија. Влегуваме во силна трка по млади таленти. Притоа, не бараме научниците да бидат успешни. Неуспесите се исто така дел од напредокот. Ова ни овозможува да продолжиме напред“, заклучува Рен.
(Комерцијална објава)