X
 14.04.2017 Технологија

Вештини на кои заборавивме со развојот на технологијата

Иако секојдневниот живот ни е олеснет, сепак технологијата не промени на многу начини. Постојат неколку вештини кои сега се во втор план, заради различните видови на уреди кои ги заменија некогашните работилници.

1. Помнење на телефонски броеви –
Листањето на телефонскиот именик или барањето на хартија и пенкало за да се запише телефонски број денес речиси и да не постои. Сега сите телефонски броеви ни се достапни во листата на контакти во нашите телефони.

2. Броење на банкноти – Со сите картички и онлајн банкарство денес многу ретко се среќаваме со броење на банкноти за нешто да се плати. Речиси се се врши преку онлајн плаќање.

3. Пресметување „на памет“ - Собирање, одземање, множење, делење, денеска најмногу се прави преку дигитроните на нашите паметни телефони.

4. Развивање на фотографии – До пред некое време ги носевме фотоапаратите на развивање во фото студијата. Сега сите наши фотографии ги имаме електронски и ни се достапни во секое време.

5. Користење на мапа - Додека патуваме можеби веќе никогаш нема да употребиме хартиена мапа. Снаоѓањето по патиштата денес се реализира преку примена на GPS  и „Google Maps“.

6. Учење од енциклопедии -
Се што ни е потребно да знаеме денес го наоѓаме на Интернет.

7. Учење јазици
- Сега можеме со слушалки да слушаме преводи на сите светски јазици, па може да се случи за неколку години да не е ни важно колку јазици знаеме.

8. Гледање на часовник
- Многу малку луѓе носат часовници, бидејќи во сегашно време најмногу се гледа на часовникот на телефоните или компјутерите.

9. Пишување писма - Електронската пошта речиси целосно ја замени хартиената.

10. Пишување со рака
- Денес, речиси се се пишува на компјутер, па веќе одамна ретко користиме хартија и пенкало.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија