За време на претставувањето на новата колекција на „Гучи“ за пролет/лето 2020 година еден модел протестираше опишувајќи ја одлуката на оваа модна куќа да користи лудачки кошули и облека што алудира на ментално болните луѓе како „некреативна“ и „навредлива“.
Ајша Тан-Џонс, модел на ревијата, ги испружи рацете додека беше на пистата прикажувајќи ја пораката: „Менталното здравје не е мода“.
View this post on Instagram
Uniforms, utilitarian clothes, normative dress, including straitjackets, were included in the #GucciSS20 fashion show as the most extreme version of a uniform dictated by society and those who control it. These clothes were a statement for the fashion show and will not be sold. @alessandro_michele designed these blank-styled clothes to represent how through fashion, power is exercised over life, to eliminate self-expression. This power prescribes social norms, classifying and curbing identity. The Creative Director’s antidote is seen in the Gucci Spring Summer 2020 lineup of 89 looks, he has designed a collection that conveys fashion as a way to allow people to walk through fields of possibilities, cultivate beauty, make diversity sacrosanct and celebrate the self in expression and identity. #AlessandroMichele
A post shared by Gucci (@gucci) on
- Како уметник и модел кој ги искусил проблемите со менталното здравје на сопствена кожа и кој има членови во семејството и сакани лица што се борат со депресија, анксиозност, биполарно нарушување и шизофренија, сметам дека е болно и навредливо што толку голема модна куќа како „Гучи“ користи вакви концепти за минлив моден тренд - напиша таа на нејзиниот инстаграм-профил.
- Дегутантно е што „Гучи“ ги користи лудачките кошули и облеката што алудира на ментално болни луѓе додека нè претставува на пистата како парче фабричко месо. Претставувањето на тие борби како реквизити за продажба на облеката е вулгарно, некреативно и навредливо за милион луѓе низ светот што се засегнати со овие проблеми - додаде моделот.
„Гучи“ објави неколку фотографии од модната ревија на „Инстаграм“, напоменувајќи дека „утилитарните униформи“ се создадени за да пренесат одредена порака и не се достапни за клиентите.
- Облеката со празен стил треба да претстави како по пат на модата се елиминира самоизразувањето во животот.
Исто така, модната куќа истакна дека само дел од облеката е инспирирана од лудачка кошула. Колекцијата е составена од речиси 90 различни изгледи, од кои дел содржат разнобојни парчиња замислени како „противотров“ за белите уталитарни парчиња.
Портпаролот на „Гучи“ не беше достапен да даде коментар за протестот. Но, ова не е првпат оваа модна куќа да се најде во центарот на некои контроверзии.
Уште во февруари, „
Гучи“ објави извинување и го повлече џемперот за чиј дизајн корисниците на социјалните мрежи изјавија дека потсетува на маските што традиционално глумците-белци ги користеле за да ги имитираат црнците на навредлив и расистички начин. Во својата објава на „Твитер“ овој луксузен италијански бренд длабоко се извини за навредата што ја предизвикал џемперот.