X
 02.08.2024 Живот

Кралското семејство јаде само сендвичи во форма на круг - низа чудни правила за храната

Членовите на британското кралско семејство мора да следат низа правила и традиционални протоколи, но некои чудни специфики во нивната исхрана неодамна станаа познати на јавноста. 

Поранешниот кралски готвач Греам Њуболд во новиот документарен филм „Тајните од кралската кујна“ откри неколку бизарни факти до кои мора да се придржува кралското семејство кога е храната во прашање.

Дозволено е да јадат само сендвичи во форма на круг

Имено, според верувањата, ако правоаголен сендвич стигне до Кејт Мидлтон или принцот Вилијам, би се сметало дека тој што им го послужува посакува пад на монархијата.

-Кралските семејства никогаш не јадат аголни сендвичи бидејќи традицијата вели дека секој што им дава храна со зашилени рабови, се обидува да го собори британскиот трон - вели поранешниот кралски готвач.

На забранетата листа е и лукот.


- Претпоставувам дека лукот е забранет поради мирисот и подригнувањето - претходно открил готвачот Џон Хигинс, а оваа забрана ја потврдила и кралицата Камила во 2018 година кога гостувала во „Мастер шеф Австралија“.

-Лукот е забранет затоа што пречи за време на разговор? - се заинтересирала водителката, а Камила потврдила:

-Така е, никогаш не го јадеме.

Јадењето школки е забрането


На членовите на кралското семејство им е забрането да јадат школки за да избегнат труење со храна. Поранешниот батлер на кралот Чарлс, Грант Харолд, открил:

-Кога вечера, кралското семејство мора да биде внимателно со школките поради можно труење, особено кога се на јавна должност.

Кралот Чарлс отстранил едно јадење од менито

Во меѓувреме, кралот Чарлс го отстранил „фуа гра“ специјалитетот од сите менија во кралските резиденции поради неетичкиот начин на кој се создава. Се работи за паштета која се добива од абнормално зголемен црн дроб од патка или гуска, што се постигнува со присилно хранење на животните. Ова гурманско јадење е признато како еден од најскапите деликатеси во светот.

Извор: index.hr

Фото: Wikipedia

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот